ПОВЕЌЕ

    Одборот на директори на Макстил со еден извршен член – генералната директорка Марија Дуковска-Павловска

    Време зa читање: 2 минути

    Со промените на Статутот усвоени на акционерското Собрание, во Одборот на директори на Макстил има само еден извршен член. Таа функција и натаму ќе ја извршува генералната директорка Марија Дуковска-Павловска. А, директорот на Економика, Луис Кристиан Карстенс, кој исто така беше извршен член, до истекот на мандато останува во Одборот, но како неизвршен член.

    За одлуките донесени од Одборот на директорите со кои се настанати промени во органите на управување, од компанијата информираа преку Македонска берза. Притоа се укажува дека всушност е направено усогласување со статутарните измени.

    „Луис Кристиан Карстенс, кој до денот на стапување на сила на измените на статутот ја извршуваше функцијата извршен член на Одборот на директори и директор на Економика, се разрешува од оваа функцијата заклучно со 30.05.2025 година и почнувајќи од 31.05.2025 година продолжува да ja врши функцијата неизвршен член на Одборот на директори на Друштвото, до истекот на неговиот мандат за кој е избран од Собранието на акционери.

    Марија Дуковска-Павловска ќе продолжи да ја извршува функцијата извршен член на Oдборот на директори во својство на генерален директор се до истекот на нејзиниот мандат утврден…“, наведено е во известувањето од Макстил.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично