ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ, но кој ќе го искористи? – Васко Кроневски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Дали Македонија има потенцијал да биде лидер во дигиталната трансформација и развој на иновативни решенија? Васко Кроневски, директорот на NexSense и дел од Македонија 2025, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ открива колку македонските компании всушност се способни да создадат технологија и дали доволно го користиме она што веќе го имаме. Што мора да направиме за конечно да станеме конкурентни на светско ниво?

    Потенцијалот го имаме. Ние немаме други студенти кај нас работа, освен студенти од УКИМ. 99% студентите кои завршуваат се потенцијалот од каде ние вработуваме кадри. И тоа што го постигнуваме, го постигнуваме со тој кадар. Квалитетот е добар, од година во година некогаш знае да има разлики, но тоа не е веројатно проблем само во високото него баш што го кажав, од примарната…

    Генерациите ќе излегле претходно веројатно.

    И се приметуваат тие разлики, се приметуваат генерациски разлики како тој квалитет во природните науки опаѓа. Морам да го акцентирам и дека ние мораме да се освестиме и дека таму треба да почнеме навистина со сериозна инвестиција во природни науки ако сакаме да создаваме кадри кои ќе можеме да ги искористиме. Во делот на иновации…

    Иновации постојат и во науката, во применетата наука. Значи, иновации може да се прават на сите нивоа. Спојот меѓу бизнисот и образованието се случува и во заедничка соработка.

    Тоа не е едносмерна, тоа не значи дека иновацијата само по себе ќе се случи во рамки на факултетите или во научно-образовните институции и ние ги купиме патенти и ќе го примениме….“

    Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

    Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.

    Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично