Нето вредноста на отворените инвестициски фондови во текот на април се намалила за 3,7 милиони евра или за 0,83 порценти. На крајот од четвртиот месец изнесувала 23,28 милјарди денари, односно 378 милиони евра. Трендот на опаѓање беше забележан и во март (-0,64%).
Со минусен предзнак во април се приливите, кај кои е забележана сума од 28,3 милиони евра. Споредено со состојбата од март, тоа претставува намалување за 13,79 проценти. Или, еден месец претходно биле регистрирани приливи од 25,6 милиони евра.
За инвестициските фондови, според податоците од Комисијата за хартии од вредност, било поволно тоа што се намалиле и одливите на средства – за 7,82 отсто. Изразено со бројки, достигнуваат 25,6 милиони евра.
Поради тоа април го завршиле во позитива од 2,7 милиони евра. Нето-разликата е речиси двојно пониска (46,5%) од мартовската и тогашните 5,05 милиони евра.