Секој се жали на отпадот. Но, кога треба да се постави депонија, истите тие граѓани ја блокираат. Филип Иванов од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ отворено зборува за лицемерието – не само кај политичарите, туку и кај народот.
„Ако било добро вчера, зошто е лошо денес?“ – прашува тој.
Ако секој мисли дека некој друг треба да го решава проблемот, нема да се случи ништо.
„Тоа не е само лицемерије на политичарите… Тоа е лицемерије и на граѓаните. Зошто? Затоа што ако за едни еднаш било добро, а за други не било и потоа се менуваат цело време, требаат граѓаните за себе да размислуваат што е добро, а не да одат како некој што ќе им каже. Огромни пари, преку 50 милиони евра… од 2010 до 2023 се вложени во подготвување на тие стратешки документи и физибилити студии и на технички документации за депонии. Скоро 50 милиона се вложени. Евра. И сега доаѓаме, на пример, ќе го земам примерот, морам да го земам примерот за Новаци… И се јавуваат група граѓани кои што предизвикуваат, јас би реков масовна реакција, да не речам хистерија, реакција кај другите граѓани, полнејќи ги со заблуди, дека во сред Пелагонија ќе се прави депонија за два региона.“
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.