ПОВЕЌЕ

    Зелена поддршка за мали бизниси: Комерцијална банка и ЕБОР со кредити до 1 милион евра

    Време зa читање: 2 минути

    Во услови кога енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија се сѐ поважен дел од одржливото функционирање на бизнисите, малите и средните претпријатија добиваат нова можност за финансирање преку кредитната линија за зелена енергија – GFF Македонија.

    Станува збор за иницијатива поддржана од Комерцијална банка, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со вкупен фонд од 4 милиони евра, наменет за поддршка на инвестиции во:

    • обновливи извори на енергија,
    • проекти за енергетска ефикасност,
    • зелени технологии.

    Оваа кредитна линија е дел од Зелениот финансиски фонд (Green Finance Facility), а зад неа стојат и УНДП, Заедничкиот фонд за одржлив развој на ОН (SDG фонд) и Владата на Северна Македонија.

    До 1 милион евра кредит со рок до 10 години

    GFF кредитната линија е дизајнирана за малите и средни претпријатија што размислуваат долгорочно и што сакаат да го намалат својот енергетски трошок, да ја зголемат ефикасноста и истовремено да придонесат кон заштита на животната средина. Финансиските услови се атрактивни – се нудат кредити до 1.000.000 евра со рок на отплата до 10 години.

    Дополнително, компаниите добиваат:

    • поврат на инвестиција,
    • бесплатна техничка поддршка од консултанти,
    • индивидуализирани финансиски решенија, креирани според нивните потреби.

    Одржливост како конкурентска предност

    Од Комерцијална банка потенцираат дека инвестициите во енергетска ефикасност не се само финансиска добивка, туку и порака за вредностите што ги негува компанијата – одговорност, современост и визија за одржлив раст.

    „Ова е паметен чекор напред за секоја компанија што сака да ја зголеми својата конкурентност и да го модернизира своето работење во склад со европските зелени стандарди,“ наведуваат од банката.

    Повеќе информации за GFF кредитната линија се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично