e-PIN преку SMS е иновативна услуга прилагодена на дигиталното банкарство во нова ера. PIN-кодот за вашата платежна картичка може да го добиете директно на вашиот мобилен телефон, наместо како што е досегашната пракса – во хартиен коверт и веднаш да започнете да ја користите вашата платежна картичка. Процесот е целосно дигитален и усогласен со највисоките безбедносни стандарди, така што вашиот PIN ќе ви пристигне безбедно и доверливо.
Дополнително, со елиминирање на хартијата придонесувате за заштита на животната средина.
Како функционира услугата во пракса?
Еве како изгледа процесот чекор-по-чекор:
- Кога ќе добиете нова платежна картичка, заедно со неа добивате и придружно писмо со отпечатен уникатен код (UID).
- Тој код го испраќате преку SMS на специјален телефонски број наменет за оваа услуга.
- За неколку секунди добивате повратна, бесплатна SMS порака со вашиот PIN-код, кој веднаш можете да го користите.
Дигитална трансформација во банкарството
Поедноставувањето на процедурата за добивање на PIN-от за вашата платежна картичка преку SMS покажува како дигиталната трансформација во банкарството го олеснува секојдневието на корисниците. Во еден работен, динамичен ден ваквите иновативни решенија штедат време и нерви, овозможувајќи ви да се фокусирате на поважните нешта. ePIN преку SMS е дел од поширокиот тренд на дигитализација во банкарскиот сектор, каде што удобноста на клиентот и брзата услуга се на прво место.
ePIN преку SMS е прво и единствено решение од овој вид на нашиот пазар, овозможено од КаСис АД Скопје – независен процесор за картични плаќања во партнерство со банките. Како компанија со меѓународни сертификати (Mastercard, Visa, PCI и др.), КаСис гарантира дека доставата на PIN-кодот преку SMS се одвива според највисоките безбедносни стандарди.
Партнерските банки на КаСис не само што се насочени кон иновации, туку активно ги следат глобалните трендови во дигиталното банкарство, со цел да обезбедат поголема сигурност, брзина и практичност за своите клиенти. Услугата ePIN преку SMS е јасен доказ за таа посветеност. Банка кои ги користат иновативните решенија на КаСис одлично ги разбираат потребите на своите корисници и нудат иновативно, дигитално, сигурно и достапно банкарско искуство.