ПОВЕЌЕ

    ПОНИСКИ ЦЕНИ НА СТРУЈАТА И ПРИСТАП ДО НОВИ ИЗВОРИ НА СНАБДУВАЊЕ – Предлог-законот за енергетика усвоен во прво читање

    Време зa читање: 2 минути

    Либерален, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, кој значи поголем избор, поквалитетни услуги и пофер цени за потрошувачите. Можност за промена на снабдувач без административни или финансиски пречки. Воведување паметни броила и подобра информираност на потрошувачите. Поддршка за нови концепти како потрошувачки-производители, енергетски заедници и активно управување со побарувачката. Ова се главните придобивки што ќе произлезат од новиот Закон за енергетика, чија предлог верзија веќе е прифатена во прво читање од собраниската Комисија за европски прашања. Со тоа започнува важен процес на усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката, велат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

    Овој процес претставува дел од пошироките реформски приоритети на државата – зајакнување на институциите, енергетска безбедност, зелена транзиција, социјална праведност и подготовка за членство во Европската унија, посочи заменик министерот Мирослав Лабудовиќ, кој законското решение го образложи пред Комисијата.

    „Станува збор за обемен закон, целосно усогласен со европските норми. Транспонирањето на Четвртиот енергетски пакет носи повеќе бенефити. За стопанството тоа значи поголема конкурентност на пазарот, пониски цени на електричната енергија преку зголемена пазарна ликвидност и пристап до нови извори на снабдување. За граѓаните, ова значи поголема заштита на потрошувачите, можност за пофлексибилни тарифни модели и поголема транспарентност на пазарот. Дополнително, отвора простор за повеќе инвестиции во капацитети за складирање енергија, што е клучно за стабилноста на системот со оглед на растот на обновливите извори.“ вели министерката Сања Божиновска.

    Законот е во целосна согласност со Зелената агенда за Западен Балкан и европскиот Зелен договор, а со неговото усвојување Македонија ќе се приклучи на пазарот на електрична енергија на ЕУ и пазарот „ден однапред“. Според проценките, успешно спроведување на овие чекори може да донесе финансиски бенефити од 6,4 до 8,5 милиони евра

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини особено ја нагласува и важноста од преносот на МЕПСО под своја надлежност, со цел поефикасно и стручнo управување со клучната инфраструктура за пренос на електрична енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично