ПОВЕЌЕ

    Заменикот генерален директор купи акции од „Реплек“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Коста Котески, дел од менаџментот на Реплек“, купи десет акции издадени од компанијата. Директорот на снабдување и комерција во моментот поседува 380 акции.

    Од фармацевтската куќа, преку Македонска берза, соопштија:

    „ Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува

    Членот на Управниот одбор на Реплек АД Скопје, Котески Коста се стекна со 10 нови акции при што вкупно поседува 380 обични акции“.

    Котески, кој воедно ја извршува и функцијата на заменик генерален директор, вторпат годинава купува акции. Претходно, исто така со десет акции, се стекна во февруари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично