ПОВЕЌЕ

    ПРИВАТНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА РАЗВОЈ на Западен Балкан – ЕУ со повик до бизнисите да понудат предлог-проекти

    Време зa читање: 2 минути

    Со поттикнување на приватните инвестиции, Европската унија ќе го стимулира развојот на балканскиот регион, со цел да се намали постојниот економски јаз и да се овозможи негово вклопување во Единствениот пазар на ЕУ. Од Самитот АДРИА 2025 што се одржува во Црна Гора, Унијата објави повик до компаниите од просторот на ЕУ, од Европската економска област и од Западен Балкан да поднесат предлог проекти. Рокот е 21 мај годинава.

    Зелената транзиција, интеграцијата во синџирите на индустриско снабдување или производство на ЕУ, критичните суровини, одржливиот транспорт, дигиталната транзиција, одржливиот туризам, развојот на човечкиот капитал и финансирањето со социјално влијание – се посочени како приоритетни области за приватните инвестиции. Или, со зголемените приватни инвестиции во развојот на инфраструктурата, економската диверзификација, зелената и дигиталната транзиција, интеграцијатата во синџирот на вредности на ЕУ, би требало да се креираат нови работни места и да се намали економскиот јаз со ЕУ. Сетоа тоа согласно Планот за раст за Западен Балкан.

    За да бидат прифатени, предлозите мора да исполнуваат одредени условиминималната вредност да е десет милиони евра, компаниите да настапат со сопствени средства од најмалку 15 отсто од вкупната вредност на инвестицискиот проект. Како што се наведува, Европската комисија ќе ги разгледа предлозите и ќе се обиде да ги поддржи најпогодните проекти со достапни политики, технички или финансиски инструменти.

    Не зборуваме само за инвестиции, туку за трансформација. Бараме иновативни, револуционерни проекти кои ќе го придвижат Западен Балкан напред и ќе ги зајакнат неговите врски со ЕУ. Ги поканувам приватните компании да ја искористат оваа можност и да ни се придружат на ова патување. Да инвестираат, да иновираат и да ја обликуваат иднината на регионот“, изјави комесарката за проширување, Марта Кос.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично