ПОВЕЌЕ

    „АМЕРИКА ПРОТИВ СИТЕ – може ли да го издржи притисокот?“ – Поповски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    „Американските царини кон Кина не се само економски потег, туку и политичка порака до целиот свет. Дали Америка навистина има сила да војува економски против сите, вклучително и најблиските сојузници? Професорот Никола Поповски детално ја анализира способноста на САД да го издржи овој глобален економски конфликт во „Каде се парите? Со Горан Теменугов“.

    „Америка сега е, знаете, во кои услови. Имаше еден филм од наше време порано, Вестерн. Се викаше „Убиј ги сите и врати се сам“. Ова е борба на сите против Америка, односно на Америка против сите. Не знам дали Америка може да го издржи тоа. Америка е сепак во номинални долари 25% од светската економија, она има 30 и нешто илјади милијарди од 130 и нешто илјади милијарди БДП во светот. Но во услови на куповна моќ на американскиот долар, нивното учество во светскиот БДП паѓа на 16%. Значи, не се толку моќни да објават војна на цел свет, вклучувајќи ги и нивните најблиски соработници.“

    Со поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, разговараме за воведувањето на царините од страна на Трамп кон Кина, кон ЕУ и како сето тоа ќе се одрази на Македонија.
    Следете ја најновата епизода на поткастот „Каде се парите?“. За да не најдете, отидете на YouTube, во пребарување, на кирилица напишете „пари“ и ние ќе ви се појавиме. Пожелно е да стиснете „Subscribe“, бидејќи тоа многу ни значи. Гледајте нѐ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично