ПОВЕЌЕ

    Реплек Фармација ги надмина плановите – Првиот квартал со приходи повисоки за 26%

    Време зa читање: 2 минути

    Во првите три месеци од годинава, од аспект на приходите, сегментот фармација во рамките на „Реплек“ за 2,5 проценти го надмина зацртаното во бизнис планот. Продажбата донела за 26 насто повисоки приливи.

    Од први јануари до крајот на март забележан е износ од 7,8 милиони евра. Минатата година во овој период релизацијата била 6,2 милиони евра.

    Овој раст е евидентен како на домашниот, така и на меѓународните пазари, информираат од фармацевтската компанија.

    Според резултатите, „Реплек“ ги подобрува позициите на домашниот терен. Пласманот и продажбите му обезбедиле 1,8 милиони евра. За 61,4 насто повеќе во однос на ланскиот прв квартал, кој бил заокружен со 1,1 милион евра.

    На странските пазари е регистрирано зголемување од 18,2 проценти. Остварените приходи од извозот се во износ од шест милиони евра (5,1 милион евра во првото тримесечје од 2024 година).

    „Реплек продолжува да ја следи стратешката распределба помеѓу пазарите, со 75% учество на извоз и 25% учество на продажби на домашниот пазар“, наведуваат од компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично