ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)

    Време зa читање: 3 минути

    Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Ве поттикнуваме да аплицирате за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. 

    Работна позиција: Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)

    Тип на вработување: На определено време од 12 месеци

    Работно време: 40 часа неделно.

    Огласот важи до 02.04.2025 година.

     

    Работни цели и задачи:

    • Отворање кредитни партии, доделување каматна група и задолжување на кредитите;
    • Изготвување амортизациони планови и испраќање до коминтентите;
    • Книжење на задолжувањата и раскнижување на извршените уплати од страна на клиентите согласно договорните одредби;
    • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтентите;
    • Подготвување пресметки и книговодствени картици за тужење и стечај;
    • Дефинирање партија за денарска гаранција, доделување каматна група и задолжување на гаранцијата;
    • Книжење на извршените уплати по основ на денарски гаранции;
    • Пресметка и печатење каматни листи и доставување до коминтентите;
    • Изготвување налог, негова проверка и спроведување во случај на протестирање на денарска гаранција.

     

    Потребни квалификации и способности:                           

    • Завршено високо образование од областа на економските науки (предност ќе имаат кандидатите со насока сметководство и ревизија);
    • Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
    • Без работно искуство;
    • Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
    • Прецизност во извршување на работните задачи;
    • Ориентираност кон потребите на клиентите;
    • Адаптибилност во динамична работна средина;
    • Комуникациски вештини за работа во тим.

    Придобивки за Вас:

    • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
    • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
    • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
    • Доброволно приватно здравствено осигурување;
    • Програма за спорт и рекреација;
    • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

     

    Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

    Аплицирајте на [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за администрирање кредити и гаранции (Back Office)”.

    Телефон за контакт: (02) 3168-412

    На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

    Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично