Големите маркети на дневно ниво ќе треба да ги објавуваат цените за сите производи што се продаваат кај нив на нивните веб-страници, во спротивно ќе треба да плаќаат глоби, ова го предвидуваат најновите законски измени на Македонија.
Во таа насока, www.cenometar.mk нуди дигитална платформа која им овозможува на трговците да ги објавуваат и ажурираат цените лесно, брзо и ефикасно.
„Според новите регулативи, транспарентноста на цените станува клучен фактор за доверба и конкурентност на пазарот. Со користење на веб – страницата на Ценометар, трговците добиваат централизирана и јавна база на цени, достапна за потрошувачите во секое време, автоматско или рачно ажурирање, според потребите на секој маркет и опција за API интеграција со касовните системи за безбедно и навремено ажурирање на цените“, велат надлежните од платформата.
Основачот на Ценометар, Наум Димитровски, истакна дека нивната цел е да им помогнат на трговците во исполнување на законските барања, додека истовремено ја зголемуваат довербата на потрошувачите преку транспарентност и достапност на информациите.
Сите заинтересирани маркети и продавници можат да ја започнат регистрацијата преку контактирање со платформата на 071-355-844 или испраќање на допис за интерес за регистрација на платформата на [email protected].