ПОВЕЌЕ

    Растот на МБИ-10 – што значи за инвеститорите? Иван Штериев за „Каде се парите?”

    Време зa читање: 2 минути

    „Македонскиот берзански индекс (МБИ) порасна за 450 % во последните девет години. Дали ова значи дека вложувањето во акции е добра одлука? Првиот човек на Македонска берза Иван Штериев во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува што значи овој раст и што може да се добие со инвестирање во акции.“

    „Што значи тоа? Теоретски, доколку некој инвеститор, на крајот на 2015 година, некоја сума на денари ја вложил пропорционално во сите 10 акции што го сочинуваат индексот МБИ 10 и сите овие години од 2015 година до денес ги чувал тие средства, ќе ги оплодил за многу значајни 450 %. Со тоа би се заштитил од инфлацијата што беше последните години и би заработил.

    Е сега, нормално во тој период имало циклуси, имало и зголемување на цени, намалување на цени, но инвестирањето во акции е такво. Мора да се на долг рок и периоди на волатилност, осцилаторност да издржат, но генерално тие 450 % се статистичка перформанса на нашиот индекс.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично