На трети март имателите на перпетуални обврзници од УНИ банка ќе ја добијат полугодишната камата. Износите ќе се пресметуваа по стапката од пет проценти. Ова се однесува за втората емисија на овој вид обврзници.
Од Банката информират дека право на исплата имаат лицата, кои заклучно со последниот ден од месецов ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност.
„Тргувањето со обврзниците во деновите 27 и 28 февруари 2025 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 3 март и 4 март 2025 ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 3 март и 4 март 2025, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“, посочуваат од УНИ банка.