ПОВЕЌЕ

    ВЛАДАТА ПОДДРЖУВА БОЈКОТ – Дали тоа е погрешен потег?

    Време зa читање: 2 минути

    „Владата го поддржува бојкотот на маркетите од страна на граѓаните, но дали тоа е вистински начин за намалување на цените? Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ изјави дека државата треба да регулира, а не да го префрла товарот на граѓаните. Како инспекциите може да спречат злоупотреби и кои други механизми постојат за контрола на цените?

    „Не може одговорна институција, влада, да повика на бојкот кога може да го спречи бојкотот. Значи, владата не треба да повика на бојкот. Владата може да донесе одлука, утре немаат право да работат маркетите. И нема да има потрошувачка во државата. Ова е многу смешно, и мислам дека и господинот Славески имаше една изјава, кој е експерт во економијата и член на ВМРО ДПМНЕ и ова е фолклор, популизам. Зошто? Заради тоа што во социјалните мрежи, имаше некој си повик, тоа се направи големо, го подржуваа граѓаните и слично, и ајде, ние сега да го следиме тоа. Вие сте таму за да донесете мерки да спречите такви работи и да се случуваат.“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично