По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика. Oд 2007 до 2018 година Томиќ работеше како уредник во информативната редакција на Канал 5, каде што со својата посветеност и професионализам даде значаен придонес во известувањето за надворешната политика.
Професионалниот пат подоцна го продолжи во маркетинг индустријата, работејќи во секторите за односи со јавност.
Потекнуваше од новинарско семејство, а неговата страст кон медиумите и комуникацијата беше препознатлива во секој негов професионален ангажман.
Зад себе остави сопруга и два сина.
Ќе биде запаметен како врвен професионалец и добар другар и колега.
(Фото: Фејсбук)