ПОВЕЌЕ

    СО ЗГОЛЕМЕНИ ПРИХОДИ ОД КАМАТИ И ПРОВИЗИИ ТТК БАНКА ДОЈДЕ ДО ДОБИВКА од 1,76 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемена профитабилноста и стабилна и континуирана вредност за клиентите, вработените и акционерите, постигнала ТТК банка во текот на минатогодишното работење. Позитивниот финансиски резултат е претставен со износот од 108,3 милиони денари, односно 1,76 милиони евра. Проследен со раст од 2,9 проценти.

    Резултататот, според објаснувањето од Банката, произлегува од повисоките оперативни приходи за 3,6 насто, додека контролата врз расходите обезбедила нивно зголемување за осум проценти. Освен тоа, „исправките на вредноста на финансиските средства на нето-основа достигнаа 37,4 милиони денари, што ја потврдува финансиската стабилност на Банката и нејзината подготвеност да се справи со динамичните пазарни услови“.

    Вкупната актива на ТТК банка на крајот од 2024 е на ниво од 11.015 милиони денари или над 179 милиони евра. За една година е постигнат раст од 9,1 насто. Што означува остварување на планот со 105,5 проценти.

    Во сегментот кредитирање, банката има побарувања од 5.1437 милиони (83,6 милиони евра), со пораст од 9,9 проценти. Што, пак, се должи на зголеменото кредитирање на населението за 13,1 насто, особено со потрошувачки и станбените кредити.

    Депозитната база на ТТК банка е 9.466 милиони денари, односно 153,9 милиони евра, каде што е измерено позитивно движење од годишни 11,4 проценти.

    Што се однесува до приливите, кај најзначајните – нето-приходите од камати, е достигната сума од 344,9 милиони денари (5,6 милиони евра), со годишен раст од 12,2 насто. Провизиите и надоместоците за дадените банкарски услуги партиципираат со 166,9 милиони денари (2,7 милиони евра). Овој резултат од претходниот е натфрлен за 84,8 проценти. Од курсните разлики банката заработила 15,7 милиони денари, а останатите приходи, кои се повеќе од преполовени, бележат сума од 26,1 милиони денари.

    Креирањето одржливи и ефикасни процеси, понудата на зелени кредитни производи, дигитализација на процесите, потпирањето врз сопствените извори на финансирање и натаму остануваат меѓу приоритетите содржани и во деловната стратегија за 2025 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично