ПОВЕЌЕ

    КЛЕКОВСКИ во „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Потребни се реформи во здравството

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборува за неопходноста од реформи во здравствениот систем. Соочени со стар систем и зголемени трошоци, промените се неизбежни.

     

    „Вистината е дека македонското здравство вака веќе не може да продолжи. Значи мораме нешто да смениме. Статус кво е невозможен. Статус кво значи распаѓање. Лековите не се првиот и единствен чекор. Јас прво кажав дека борбата против корупцијата и криминалот е првиот чекор. Значи ние мора да демонстрираме пред граѓаните дека сме домаќини. Дека водиме сметка за парите на граѓаните, дека првите подобрувања ќе ги направиме со парите што ќе се заштедат од подобро работење. Ќе направиме и други промени и ова со лековите е една од многуте промени што ни претстојуваат. Значи ова е само еден мал дел од мозаикот кој што го склопуваме бидејќи оваа ситуација е неодржлива“.

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе содржини!“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично