ПОВЕЌЕ

    „ Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска – заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага“

    Време зa читање: 3 минути

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа средба со амбасадорот на Чешка во Македонија, г. Јарослав Лудва, придружуван од раководителот на економско-конзуларниот оддел, г. Кветослав Сулек.

    На средбата освен што се разговараше за можностите за проширување на соработката во областа на енергетиката, беа договорени и конкретни активности за реализација на две иницијативи на министерката Божиновска: За одржување на заедничка седница на министри од двете земји од повеќе ресори, а со цел за унапредување на билатералните односи, како и иницијативата за воведување директна линија Скопје – Прага.

    Министерката Божиновска и амбасадорот Лудва, ќе се заложат на седницата да се потпишат и меморандуми за соработка во повеќе области и да разгледаат и конкретни активности за продлабочување на економските и енергетските односи. Дополнително, се предлага во делегацијата да се вклучени и претставници на македонската бизнис-заедница со цел воспоставување партнерства со чешките компании.

    Министерката Божиновска на средбата ја истакна важноста на директната поврзаност меѓу двете земји и најави дека е задоволна што нејзината инцијатива за директна авионска линија со Прага, добила силна поддршка од амбасадорот кој се заложил за нејзина реализација.

    „Посебно ме радува што амбасадорот на Чешка во Македонија, г. Лудва ја поддржа мојата иницијатива за директна авионска линија Скопје – Прага. Со заедничка заложба успеавме оваа идеја да е на пат да се реализира и во месеците што следат ќе биде воспоставена редовна авионска линија, која ќе придонесе за олеснување на соработката во трговијата, бизнисот и културната размена. Со тоа поставуваме нови темели за партнерства и инвестиции.“ изјави Божиновска

    Министерката и амбасадорот информираа дека освен директната авионска линија Скопје-Прага се разгледува и можноста за воведување и на сезонска линија Прага – Охрид, со цел стимулирање на туристичките врски и промоција на Охрид како дестинација од интерес за чешките туристи.

    Оваа средба претставува значаен чекор напред во градењето на силни билатерални односи и отворање нови перспективи за соработка меѓу Чешка и Македонија, што е од интерес за граѓаните и економиите на двете земји.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично