Во Комерцијална банка има отворено место за работа на благајна. На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување, распишан е конкурс за работната позиција – помлад соработник – Cashier. За извршување на обврските во текот на предвидената 40-часовна работна недела, следува почетна основна нето-плата од 34.890 денари.
Работните цели и задачи се состојат од: извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет; понуда на депозитни производи; промоција и продажба на банкарски производи; брз трансфер на пари; менувачко работење; учество во промотивни кампањи.
Заинтересираните кандидати треба да се со завршено високо образование од областа на економските науки и да имаат познавање на англиски јазик и MS Office алатки. Не е важно дали се со или без работно искуство, но затоа мора да поседуваат висок личен интегритет, доверливост и чесност; прецизност во извршување на работните задачи; ориентираност кон потребите на клиентите; адаптибилност во динамична работна средина; комуникациски вештини за работа во тим.
Меѓу придобивките за лицето што ќе биде примено, се наведуваат: пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови; обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство; можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции; доброволно приватно здравствено осигурување; програма за спорт и рекреација; учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека…
„Би бил одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех“, велат од Комерцијална банка.
Огласот е отворен до 27.12.2024 година. Кандидатите можат да аплицираат на https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx#!#jobs, преку e-mail [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник – Cashier”. Телефон за контакт: (02) 3168-412.
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, а изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, зависност од бројот на пријавените кандидати.
„Доколку сакаш да ги оствариш твоите желби и амбиции за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, те поттикнуваме да аплицираш за вработување“, порачуваат од Комерцијална банка.