По повод светскиот ден на штедење 31. октомври, од страна на Македонската банкарска асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Даниел Алексовски е службеник од штедилница Можности кој ја доби наградата за најдобар службеник во штедилницата за 2024 година.
Како што вели Алексовски, најдобар во професијата се станува со долгогодишно искуство, професионален однос и посветеност кон работата.
–Чест и задоволство ми е што го добив оваа признание меѓутоа и поттик да бидам уште подобар и да напредувам во мојата кариера – истакна Алексовски за порталот Пари.
Од Штедилницата велат дека ова признание е верификација за посветеноста и добрите резултати на вработениот и тимот со кој работи, односно експозитура Куманово.
–Штедилницата секогаш ги поттикнува вработените да се стремат кон добро и професионално работење, и признанието за поединецот е признание за целиот тим и секторот во кој работи – ни велат од штедилница Можности.