ПОВЕЌЕ

    КОЛОСКИ во „Каде се парите?“ : ИЗБОРИТЕ ВО САД СЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕНЗИЧНИ

    Време зa читање: 2 минути

    Изборите во Соединетите Американски Држави кои ќе финишираат со гласањето на 05.ноември, се виоско тензични и со инциденти, вели Мето Колоски од Обединета македонска дијаспора кој гостуваше во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. За оваа напнатост придонесува многу тесната разлика на анкетите меѓу републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кандидатката на демократите, Камала Харис.

    „Па можам да кажам дека е тензична во смисол дека секој се надева на својот кандидат да добие и малку се стресни поради тоа што националните анкети во просек, а токму пред овој поткаст истражував, на ФОКС Медиа гледав дека од просек на 14 национални анкети Харис води 0.9 проценти пред Трамп, а во четири клучни држави кои ќе бидат одлучувачки на некој начин на изборите следната недела, Трамп води во четири, Харис води во три, така да главните се тука Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Аризона, Невада, Џорџија, така што ќе видиме како ќе биде. Нели, имаше и страшен вид на политичко наметнување или горење на гласачки кутии“

    Премиерата е секој четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично