ПОВЕЌЕ

    Акцијата на Лотарија на Македонија со најголем минус во септември

    Време зa читање: 2 минути

    Најголем раст на вредноста во септември е забележан кај акцијата на „Гранит“. Најголемото опаѓање го има хартијата од вредност издадена од Лотарија на Македонија.

    Кај акцијата на градежната компанија зголемувањето изнесува 15,76 проценти. На 31 август просечната цена била 1.520,33 денари, а на 30 септември акцијата на „Гранит“ вредела 1.760 денари.

    Два месеци по ред акцијата на скопски Адинге на оваа топ пет листа и од третото се искачи на второто место. Преминот го обезбедила со растот од 1.600 на 1.800 денари. Или за 12,50 насто, движење повисоко од оствареното во август (за 6,67 %).

    Акцијата на ТТК Банка повторно се врати на позитивната листа со зголемувањето од 11,89 проценти и цена од 1.947,97 денари наспроти претходната од 1.741 денар. Кај оваа акција имаше осцилации – во август беше на минусната листа со падот од 5,02 отсто, а во јули беше предводник со плусот од 25,33 проценти.

    Честите купопродажби го стимулираа растот на акцијата од Македонијатурист. Движењето по нагорната линија е 10,28 проценти, со што просечната вредност се зголемила од 7.707,74 на 8.499,94 денари.

    Со растот од 3,13 насто, акцијата на прилепскиот Мермерен комбинат е на петтата позиција. Септемврискиот просек е 3.300 и е за сто денари повисок од августовскиот.

    Со регистрираниот пад од 16,67 проценти, хартијата од вредност на Лотарија на Македонија е на врвот од негативната листа. Од 180 денари во август, вредноста во септември е 150 денари.

    Опаѓачкиот тренд е присутен и кај акцијата на Либерти, овојпат од 19 на 16 денари и минус од 15,79 отсто. Минатиот месец беше третопозиционирана (-5 %).

    Следува акцијата на ФЗЦ „11 Октомври“ од Куманово со пад од 9,55 проценти. Просечната цена се спуштила од 220 на 199 денари.

    Од првото во август, акцијата на Тетекс од Тетово во септември е на четвртото место. Намалувањето е за 3,41 отсто (во август -5,03%). Со тоа вредноста од 2.899 се заокружила на 2.800 денари.

    На оваа листа се најде и акцијата на Макпетрол. Во септември достигнала просечна вредност од 86.899,50 денари, за разлика од претходните 88.994,23 денари. Тоа претставува пад од 2,35 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично