ПОВЕЌЕ

    НЛБ Обврзници отворен инвестициски фонд нова можност за инвеститорите

    Време зa читање: 2 минути

    Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови НЛБ Фондови АД Скопје во своите рамки ќе го има и новиот фонд – НЛБ Обврзници. Тоа ќе биде можност за домашните и странски инвеститори за вложувања кои ќе обезбедат атрактивен принос.

    „Сопственици на удели во новиот фонд можат да бидат домашни и странски институционални и индивидуални инвеститори, кои сакаат да вложат средства на период до 3 години во инструменти со фиксен доход (државни и корпоративни обврзници) и да остварат атрактивен принос“, се вели во информацијата од Комисијата за хартии од вредност, од каде што на последната одржана седница е донесено решение, со кое на Друштвото му се дава одобрение за организирање отворен инвестициски фонд НЛБ Обврзници.

    Средствата што ќе се слеат во тој фонд, ќе се инвестираат во депозити кај овластените банки во земјава, кои достасуваат во рок не е поголем од една година, краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност, државни и корпоративни обврзници, обврзници на издавачи… Исто така, и во удели на други отворени инвестициски фондови регистрирани во Македонија или кај држави кои се членки или не се членки на ЕУ и на ОЕЦД, под услов надоместот за управување да не надминува еден процент од нето-вредноста на имотот на тој фонд на годишно ниво. Депозитарна банка на НЛБ Обврзници е НЛБ Банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично