Прашањето за влез на трет мобилен оператор е отворено и дали ќе имаме нов мрежен оператор или не, пред се ќе зависи од тоа како ќе се постават сегашните два оператори, изјави за поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој смета дека постојните два оператори даваат прескапи услуги кои не се на задоволително ниво и дека министерството но и владата ќе направи се да ја подобри состојбата. Николоски смета и дека Агенцијата за електронски комуникации и владините претставници во најголемиот мобилен оператор во моментов не ги заштитуваат најдобро интересите на граѓаните.
„Кога имаше три мобилни оператори, двата имаа финансиски проблеми, а тоа го потврди и Ковачевски каде влечеа пари од фирмите-мајки и тоа. Колку има пари за трет мобилен оператор?
– Јас мислам дека бев многу прецизен. Ако остане постојната состојба со овие два оператори, има голем простор. Ако овие два мобилни оператори почнуваат да се натпреваруваат меѓу себе, нема простор за трет мобилен оператор или е минимален.
-Значи во вакви услови сметате дека има простор за трет мобилен оператор.
– Дали ќе има или ќе нема простор за трет мобилен оператор, пред сѐ зависи од постојните два оператори. И мислам дека нивните раководства, централите, треба да ја ценат работат на локалните раководства врз основа на оваа визија. . …“