ПОВЕЌЕ

    НИКОЛОСКИ САКА ДРЖАВАТА, А НЕ ОПШТИНИТЕ да ги уриваат дивоградбите

    Време зa читање: 3 минути

    Владата бара а Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) не дава надлежностите за уривање на дивоградбите да преминат од надлежност на општините во надлежност на државата, вели за поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој смета дека иако со огромен дел од општините раководат кадри на ВМРО ДПМНЕ, не е демократски партиски да им се наложи прифаќање на некој владин предлог. Николоски вели и дека тој нема да се откаже од убедување на ЗЕЛС оваа надлежност сепак да биде кај државата, за да може конечно да се уриваат нелегалните објекти.

    „Јас можам да кажам што мислам иако ЗЕЛС не мислам дека ќе се сложи. Настрана дали имаат или немаат волја и капацитет општините да се борат со дивоградби. Мислам дека таа обврска треба да се префрли на државата. Тие не сакаат со тоа да се сложат и тука имаме конфликт.

    – Вие сакате вие да решавате како држава за дивоградби, да уривате?

    – Таму кај што се гради нелегално – да, затоа што општините покажаа дека немаат капацитет.

    – Ќе го истерате ли тоа? Имате ли доволно пратеници за да го истерате тоа во Собрание.

    – Имаме, ама треба да се договориме и со општините.

    – Ваши се општините генерално.

    – Наши се, ама ние не сме комунизам. Сепак е демократија.

    – Добро, ама може да им кажете „луѓе, не е функционално“

    – Кажав дека имаме конфликт и различно ни е мислењето.

    – Самите општини не дозволуваат. Нели тоа и во воведот го кажав.

    – ок. Бидејќи градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ да се спротивставата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе на централно ниво…

    – Видете ние дискутираме помеѓу нас. Јас останувам на ставот дека дел од проблемите во урбанизмот се поради слаб капацитет на општините и тоа мислам дека е објективна работа, треба да се признае и да се најде решение. Решенијата се државата да ги преземе.

    Но, ЗЕЛС вика не.

    – Да, но јас нема да се откажам од тоа и ќе бидам упорен да го направиме.

    – Вака кога најавувате дека ќе бидете упорен, значи дека ќе победите Вие, во суштина поради позицијата што ја имате и во партијата.

    – Ќе видиме…

    – Во ред, во ред. Давам само некој контекст што би рекле Вие.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично