ПОВЕЌЕ

    КХВ на Конференција за пазарите на капитал во Подгорица

    Време зa читање: 2 минути

    Комисионерот Васко Пејков учествуваше на Мегународната конференција за пазари на капитал која се одржа во периодот од 24-25.09.20204 година во Подгорица, Црна Гора, на панел дискусијата „The Capital Market Development Strategy in the Adria region“, заедно со претставниците на регулаторните тела на пазарите на капитал од Црна Гора, Србија, Хрватска и Албанија.

    Учесниците дискутираа за моменталните состојби на пазарите на капитал во земјите од регионот, предизвиците со кои се соочуваат како регулаторни тела во насока на унапредување на нивните финансиски пазари, со посебен акцент на имплементација на највиоките стандарди од ЕУ регулативата, како и зајакнување на соработката меѓу државите. Во текот на панелот комисионерот Пејков ја најави имплементацијата на новата регулатива на пазарот на капитал во Република Северна Македонија и ги потенцираше предностите кои таа ќе ги има за натамошниот раст и развој на финансискиот пазар во државата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично