ПОВЕЌЕ

    ДО 10.000 ЕВРА КАЗНИ ЗА ТРГОВЦИТЕ: Потребно е контрола на трошоците на набавката и трговецот и на бруто профитната маржа

    Време зa читање: 2 минути

    Казни од 2.000 до 10.000 евра ќе добијат оние трговци кои не ја почитуваат одлуката на Владата за ограничените профитни маржи за основните прехранбени производи и не постапуваат по Законот за трговија.

    Околу 120 инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) извршуваат надзор низ целата држава за почитување на владината одлука. Те се распределени во околу 40 тимови и се ротираат низ цела Македонија. Од вчера се на терен по големите маркети во различни градови, а како што најави Горан Трајковски, директорот на ДПИ, од денес започнуваат со проверки на малите маркети и бурекџилниците, а од утре и на трговците на големо. Тие ќе утврдат и дали имало зголемување на цените на прехранбените производи пред да се донесе одлуката и да сташи во сила.
    – Изминативе денови забележавме дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа, ќе бидеме неколку дена на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката – истакнува Трајковски.

    Проблемот со ограничувањето на маржите е што тоа тешко се контролира. За да се види колкава е маржата на некој производ, треба да се видат набавните фактури и сите други трошоци, а тоа бара време.

    Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организација на Македонија, за порталот Пари истакна дека ако пазарниот инспекторат има капацитети да врши контроли кај сите трговци, мерката сигурно ќе биде успешна, затоа што, при контролата ќе се контролираат трошоците на набавката, трошоците на трговецот и ќе се контролира бруто профитната маржа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично