Поради големиот број штетни материи во чадот од тутунот, цигарите претставуваат ризик за разни сериозни болести. И тоа е одамна познато. Но, што всушност ги предизвикува овие „пушачки болести “? Дали е тоа никотинот, дежурниот виновник, на кој секогаш прво се укажува?
Никотинот секако дека не е без ризици, бидејќи предизвикува зависност. Сепак, научно е докажан фактот дека никотинот не е виновник „број 1“ за предизвикување на болестите од пушење, што значи дека „пресудата“ е донесена пребрзо и неаргументирано. Откако на тоа се посветува поголемо внимание, направени се многу истражувања. Во ниту една студија не се пронајдени таканаречени епидемиолошки наоди дека никотинот, како природна состојка во листот од тутунот, сам по себе предизвикува сериозни болести.
Иако никотинот најпрвин се поврзува со тутунот и цигарите, тој всушност се наоѓа во многу растенија и намирници што ги користиме секој ден. Домати, компири, пиперки, па и се попопуларните бобинки од категоријата „супер-храна“ – гоџи бобинки, се само дел од намирниците богати со никотин. Количеството на никотин во овие намирници не е големо.
Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е остаток од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите, кој содржи повеќе од 6.000 штетни и потенцијално штетни материи кои се ослободуваат при согорување на тутунот, додека никотинот е тој што ја создава зависноста. Никотинот е природна состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано и дека пушачите пушат поради никотинот, но се разболуваат од катранот.
Кога телото е изложено на никотин, лицето доживува стимул. Ова делумно е предизвикано од ефектот што никотинот го има на надбубрежните жлезди, што резултира со ослободување на адреналин. Овој наплив на адреналин го стимулира телото. Индиректно, никотинот предизвикува ослободување на допамин во областите за задоволство и мотивација на мозокот. Консумирањето предизвикува чувство на задоволство што всушност ја предизвикува зависноста од истиот. Се разбира, ова не значи дека пушењето е добро и дека луѓето треба да пушат. Научниците се согласни дека никотинот е високо зависна супстанца и во никој случај не е без ризик, па најдобар избор за сите пушачи е целосно да се откажат од употреба на тутун и никотин.
Токму ова е причината зошто лекарите се повеќе им препорачуваат на пациентите кои не се откажуваат од пушењето, алтернативи кои го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат. Производите без чад се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни материи, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Во прилог на ова сведочат бројни светски експерти, како и научни студии од областа на јавното здравје, кои потврдуваат дека клучната разлика помеѓу постоењето чад и неговата елиминација преку споменатите производи, може да направат вистинска разлика во секојдневната заштита за здравјето.
Комерцијален текст