ПОВЕЌЕ

    Од 66 општини поднесени 215 проекти – Премиерот исклучително задоволен очекува 250

    Време зa читање: 2 минути

    Со 215 проекти за развој на своите средини одговориле 66 општини на владиниот повик да конкурираат за средства со кои би се финансирала нивната реализација. Бројната состојба е од вчера, а повикот завршува денес, па премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека е исклучително задоволен поради прикажаниот интерес.

    „Јас сум исклучително многу задоволен и навистина им честитам на општините и на администрацијата во општините, бидејќи веќе 66 општини поднесоа околу 215 проекти заклучно со вчерашниот ден“, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање.

    Мицкоски очекува во текот на денов бројката да се заокружи на 250.

    „Јас сум исклучително задоволен, очекувам денеска да пристигнат и други предлози, да дојдеме до 250 проекти. 250 проекти значи подобри услови за живот на стотици семејства и тоа е суштината на овој проект, да направиме нешто коешто ќе биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да реализираме што е можно поголем број капитални инвестиции и да ја придвижиме економијата. И затоа е потребен и овој кредит, затоа што не само овие 250 милиони евра за општините, туку и 250 милиони евра за бизнисот којшто ќе предизвика, ќе имплицира дополнителни 250 сопствени средства милиони од страна на бизнисот, значи ние ќе имаме инвестициска активност од половина милијарда евра плус 250 милиони евра од општините“, вели тој, додавајќи намера на Владата е да се грижи за интересот на граѓаните и да го помага бизнисот.

    Како што беше најавено и пред објавувањето на повикот, со 250 милиони евра обезбедени од Владата преку унгарскиот заем ќе се стимулира развојот на општините и ќе се подобрува животот на граѓаните. За првата фаза се обезбедени шест милијарди денари. Тие пари се однесуваат за капитални инвестиции од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, социјалната политика и образованието. Евалуацијата на предложените проекти ќе се прави во ресорните министерства, преку кои ќе се доделуваат и средствата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично