ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка: Исплата на годишната камата за корпоративната обврзница

    Време зa читање: 2 минути

    Камата пресметана врз основа на годишна стапка од 3,5 проценти ќе добијат сопствениците на корпоративна обврзница од првата емисија издадени од ТТК Банка. Исплатата ќе се изврши идната недела во четврток (18 септември).

    „Ве известуваме дека ТТК Банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5% на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра ТТКО“, наведено е во известувањето од оваа банка.

    Исто така, се посочува дека право на исплата имаат регистрираните лица во „книгата на иматели на корпоративна обврзница-прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2024 година“.

    Според правилата, на 16 и 17 септември тргувањето со овие обврзници ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 365 и 366 денови.

    „Купувачот при порамнувањето на 18 и 19 септември 2024 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+) акумулираната камата на продавачот.  При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 18 и 19 септември 2024 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата“, информираат од ТТК Банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично