Samsung Electronics го најави проширувањето на One UI 6.1.1[i], кое ќе ги донесе најновите Galaxy AI функции на повеќе Galaxy уреди преку ново ажурирање. Со лансирање на почетокот на септември, ажурирањето ќе ги прошири AI функциите од Galaxy Z Fold6 и Z Flip6 на претходни модели, вклучувајќи ја серијата Galaxy S24, серијата S23, S23 FE, серијата Z Fold5, Z Flip5 и серијата Tab S9. Со најновите напредни функции во областа на комуникацијата, продуктивноста и креативноста, ажурираниот оперативен систем ќе го подобри секое мобилно искуство на корисниците за да овозможи поголема интелигенција и удобност.
Интуитивна комуникација без бариери
Комуницирањето со некој на друг јазик е едноставно и лесно со Galaxy AI. Функцијата Преведувач (Interpreter) [ii] нуди Режим на слушање, кој сега ќе биде достапен на сите дополнителни уреди, и еднонасочен превод — без разлика дали слушате презентација. Со функцијата Помош за разговор (Chat Assist), корисниците лесно можат да составуваат е-пошта, објави на социјалните мрежи итн., користејќи Композитор (Composer) [iii]. Корисниците едноставно внесуваат неколку клучни зборови, а Galaxy AI ќе генерира целосна порака за преглед врз основа на тонот и личниот стил[iv]. Функцијата Предложени одговори (Suggested replies) [v] која претходно беше достапна само на Galaxy Z Flip6, сега ќе биде достапна на уредите од серијата Galaxy S24 — нудејќи брзи одговори директно од зглобот – кога се поврзани со Galaxy Watch7 или Galaxy Watch Ultra.
Моќна продуктивност од секаде
Најновото проширување на Galaxy AI функциите може да го трансформира секој Galaxy уред во моќна алатка за продуктивност. Функцијата Помош за белешки (Note Assist)[vi] ги остава долготрајните белешки од состаноци во минатото, обезбедувајќи превод и резимеа на белешки, додека ново додадената функција за транскрипција може брзо да креира белешки врз основа на гласовни снимки. За дополнителна удобност, функцијата PDF вграден превод (PDF Overlay Translation)[vii] може лесно да преведе и вгради текст во PDF документи или дури и да преведе текст во слики и графикони. Скицирај за слика (Sketch to Image)[viii] помага во подобрување на фотографиите со генерирање избор на слики кои совршено го надополнуваат оригиналот врз основа на едноставни скици. Исто така, напредните можности за пребарување на функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google)[ix] брзо генерираат резултати од пребарување и сега нудат чекор-по-чекор инструкции за решавање сложени математички проблеми, како и ново додадената функција Sound Search[x].
Напредна креативност на лесен начин
Galaxy AI им овозможува на секојдневните корисници да создаваат професионални содржини, без разлика дали се фотографи-аматери или амбициозни креатори на содржини. Со Портрет студио (Portrait Studio)[xi] можете веднаш да креирате портрети во различни стилови, како 3D цртан филм или акварел. Исто така, функцијата Instant Slow-mo[xii] им овозможува на корисниците непречено да го забават видеото, со беспрекорен квалитет на сликата, пред брзо да го зачуваат и споделат во само неколку едноставни чекори.
Достапност
Ажурираниот софтвер за серијата Samsung Galaxy S24 ќе започне да се објавува во Јужна Кореја на 5 септември, по што ќе следат Северна Америка и Европа на 9 септември. Софтверските ажурирања за дополнителни Galaxy уреди и земји ќе бидат достапни во наредните недели.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/
[i] Ажурираната верзија на софтверот ќе биде прикажана како One UI 6.1 за серијата Galaxy S24, серијата S23 и за S23 FE и One UI 6.1.1 за Z Fold5, Z Flip5 и за серијата Tab S9.
[ii] Преведувач (Interpreter) бара логирање во сметката на Samsung. Одредени јазици може да бараат преземање на јазични пакети. Достапноста на услугата може да варира во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана. Достапноста и поддржаните функции може да варираат во зависност од државата, регионот или операторот. Достапноста на поддржаните јазици може да варира.
[iii] Композитор (Composer) бара мрежна конекција и логирање во сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да варира во зависност од јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.
[iv] Функцијата за предлог на тонот во Помош за разговор (Chat Assist) бара мрежна врска и најава со на сметката на Samsung. Функцијата се активира кога ќе се постигне одредена должина на текстот. Достапноста на услугата може да варира според јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана
[v] Функцијата Предложени одговори (Suggested Replies) за Помош за разговор (Chat Assist) бара мрежна конекција за примање пораки. Може да предложува одговори со или без мрежна конекција откако пораките ќе бидат примени од уредот. Потребно е логирање во сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да варира во зависност од јазикот и апликацијата. Точноста на резултатите не е загарантирана.
[vi] Функцијата Помош за белешки (Note Assist) бара мрежна конекција и логирање во сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да варира во зависност од јазикот. Функцијата за снимање на глас во апликацијата Samsung Notes може да не биде поддржана во некои земји. Функцијата за резимирање се активира кога ќе се достигне одреден број на карактери и е под лимитот на карактери. Аудио датотеките мора да бидат под 3 часа за да се обработат. Точноста на резултатите не е загарантирана.
[vii] Вграден превод не е поддржан за PDF датотеки заштитени со лозинка.
[viii] Скицирај за слика (Sketch to image) бара мрежна конекција и логирање во сметката на Samsung. Уредувањето со Скицирај за слика (Sketch to Image) може да резултира со променета фотографија до 12 MP. Видлив воден жиг е поставен на излезната слика при зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и доверливоста на генерираниот излез не се загарантирани.
[ix] Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се за илустративни цели. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е интернет конекција. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции можеби не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира по земја и јазик. Точноста на резултатите не е загарантирана. **Circle to Search** не е достапнa преку FlexWindow.
[x] Sound Search ќе биде тековно објавувана во региони и модели за да се обезбедат точност и ефикасност на функцијата.
[xi] Функцијата Портрет студио (Portrait Studio) бара мрежна конекција и логирање во сметката на Samsung. Поддржува JPG, HEIC (HEIF), BMP и PNG датотеки. Позадината не смее да биде транспарентна. Уредувањето со Generative Portrait резултира со променета фотографија до 12 MP. Видлив воден жига е поставен на излезната слика при зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Точноста и доверливоста на генерираниот излез не се загарантирани.
[xii] Функцијата Instant Slow-mo е достапна на Samsung Video Player и Samsung Галерија. Може да не е достапна за одредени типови на видео записи. Точноста на резултатите не е загарантирана.