ПОВЕЌЕ

    Македонија на четврто место во Европа по поскапување на туристичките аранжмани

    Време зa читање: 2 минути

    Во јули 2024 година, потрошувачката цена на аранжманите за одмор во Европската Унија беше за 6,6% повисока отколку во јули 2023 година. Цената на пакетите одмори расте низ ЕУ од август 2021 година. Годишната стапка на пораст надмина 10% во повеќето месеци во текот на 2022 и 2023 година. А 20% за 7 месеци во оваа година.

    Во јули 2024 година, повеќето земји на ЕУ објавија позитивна годишна стапка на инфлација за пакет одмор продадени во нивните земји. Најголем пораст е забележан кај пакетите купени во Турција – каде што цените пораснале за дури 49,5 отсто. Според Евростат, прва на листата европски земји рангирани според годишната промена на цените на туристичките пакет-аранжмани за летен одмор  е Франција (+22,2% во споредба со јули 2023 година), потоа Италија (+19,5%) и Кипар (+16,7%).

    Додека, пак, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, што спаѓа во група со земјите што имаат најголемо поскапување за туристичките аранжмани.

    Спротивно на тоа, 3 земји од ЕУ пријавиле негативна стапка на инфлација за пакетите за одмор: Малта (-2,9%), Финска (-2,7%) и Данска (-0,2%).

    Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имала и Србија каде аранжманите за туристите во јули поскапеле за 15,2 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

    Аранжманите во Хрватска во јули се повисоки за 9% во однос на истиот период лани, во Словенија за 6,7 отсто, во Албанија за 1,4 отсто, додека туристичките аранжмани во Црна Гора се пониски за еден отсто.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично