Samsung Electronics денес ја најави достапноста на функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) со Google за одбрани модели од серијата Galaxy A[1], проширувајќи ја демократизацијата на мобилната вештачка интелигенција на уште повеќе уреди во екосистемот на Galaxy. Ова подобрување ја нагласува континуираната посветеност на Samsung и Google да обезбедат најдобра мобилна технологија за што повеќе корисници. По достапноста на функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) на одбраните модели од серијата Galaxy A, иновативното искуство на пребарување ќе биде достапно и на Galaxy Tab S9 FE и Tab S9 FE+, каде големите екрани и пенкалото Galaxy S Pen носат нова димензија во пребарувањето.
Функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) брзо стана омилена меѓу корисниците од нејзиното претставување на серијата Galaxy S24, нудејќи трансформативно искуство на откривање кое оди подалеку од традиционалните методи на пребарување. Со нејзиното проширување на повеќе Galaxy уреди, вклучувајќи ги и најновите Galaxy Z Flip6 и Z Fold6, функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) постојано се развива за да ја подобри својата употребливост и интуитивност, вклучувајќи превод на цела страница, помош со домашни задачи, како и можности за скенирање на QR и баркодови. Сега, со оваа функција на серијата Galaxy A и серијата Galaxy Tab S9 FE, ние ја носиме можноста за поставување на покомплексни прашања за она што го гледате за уште поголем дел од производната линија на Samsung.
„Овие ажурирања отвораат нови можности за серијата Galaxy A и серијата Galaxy Tab S9 FE и ја зајакнуваат нашата посветеност на обезбедување на најсовремена технологија за повеќе корисници на Galaxy,“ рече ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Ние сме посветени на донесување на најдобрата технологија на вештачка интелигенција до поширока публика, овозможувајќи им на корисниците да работат поефикасно, да создаваат послободно и да уживаат во побогати и поинтуитивни интеракции со своите уреди.“
[1] Ќе биде претставена овој месец за следните модели: Galaxy A55, A54, A35 и A34. Достапноста на ажурирањата на функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) може да варира во зависност од моделот на уредот и пазарот.
[1] Ќе биде претставена овој месец за следните модели: Galaxy A55, A54, A35 и A34. Достапноста на ажурирањата на функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) може да варира во зависност од моделот на уредот и пазарот.
Функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) е нов начин на пребарување со користење на едноставна гестикулација – без потреба од менување на апликации. Кога е овозможена оваа функција, корисниците едноставно можат да заокружат, потенцираат или да допрат било каде на екранот за да го изберат текстот, сликата или видеото што сакаат да го пребаруваат[1]. Оваа функција — резултат на длабока соработка со Google — ја отелотворува долгогодишната посветеност на компанијата за отвореност и соработка. Со резултати засилени од вештачка интелигенција кои нудат богати информации и контекст, функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) го подига искуството на пребарување на ново ниво.
За повеќе информации за сериите Galaxy A и Galaxy Tab S9 FE, ве молиме посетете: https://www.samsung.com/mk/.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1] Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е интернет конекција. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од вашите апликации и поставки на уредот. Некои функции можеби нема да бидат компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.