Хотелиерите во Црна Гора оценуваат дека високите цени, инфраструктурните работи и немањето летови придонесоа оваа туристичка сезона во Црна Гора да биде полоша од претходната. Според Никола Пејовиќ од Здружението на хотели на Црна Гора, оценките за оваа сезона не е сјајни .„Сезоната сигурно е неуспешна, таа е за 20 проценти полоша е од лани“, изјави Пејовиќ за „Побједа“, нагласувајќи ја недоволната подготвеност и недоволното присуство на државните функционери во стратегијата за туризам, пренесува агенцијата Мина.
Сите погледи се вперени во последниот дел од сезоната, со надеж дека оптимизмот ќе се покаже како оправдан. „Доцни шпицот на сезоната, подготовките не се завршени, а министерот за туризам Владимир Мартиновиќ не го видовме во неговиот мандат – рече Пејовиќ, додавајќи дека многу туристички работници не зборуваат искрено и сметаат дека се ќе се види на крајот на сезоната.
Податоците од туристичките организации на општините Будва, Улцињ и Херцег Нови даваат подлабок увид во моменталната состојба на крајбрежјето, а бројот на туристи варира од град до град. Пејовиќ за Побједа како причини за потфрлањето на досегашната туристичка сезона ги наведе недоволната подготвеност и недоволното присуство на државните функционери во стратегијата за туризам, пренесува агенцијата Мина.
Податоците од туристичките организации на општините Будва, Улцињ и Херцег Нови даваат подлабок увид во моменталната состојба на крајбрежјето, а бројот на туристи варира од град до град.
Се апелира до локалните администрации да ги вклучат стопанството и здруженијата на туристичките работници во процесот на одлучување, со цел што поефикасно да се решат проблемите што се јавуваат во текот на сезоната.
Според последните анализи на Туристичката организација на Будва, на Будванската ривиера во моментов престојуваат околу 40.000 туристи, од кои околу 22.000 се приватно, а 17.000 во хотелско сместување, додека останатите престојуваат во хостели и кампови.
„Кога сегашната посетеност ќе се спореди со истиот период лани, шест проценти повеќе туристи престојуваат во хотелско сместување, додека околу осум проценти помалку престојуваат во приватно сместување, додека вкупниот број на туристи е приближно на исто ниво – соопшти ТО Будва. додавајќи дека, според најавите, хотелиерите годинава очекуваат подобра туристичка сезона за пет до десет отсто и покрај корекцијата на цените за сместување во хотелите, најмногу до 15 отсто.
Сепак, не се сите согледувања за текот на летната туристичка сезона во Црна Гора подеднакво песимистични. Јован Росиќ од Здружението на приватни даватели на сместување, вели дека тие се задоволни од сезоната.
„Сопствениците на приватни сместувачки капацитети кои членуваат во здружението се задоволни. Немаме увид во бројките на туристичките организации на градовите, но во комуникација со луѓе од здружението, кои сериозно се занимаваат со туризам, можеме да заклучиме дека сезоната е добра. Моменталната пополнетост е голема и речиси се е распродадено. Сопствениците кои значително ги зголемија цените се потпираат малку повеќе на „резервирањето во последен момент“, додека мнозинството однапред ги распродаде капацитетите во јули и август. Врвната сезона традиционално е добро исполнета и имаме добри најави за крајот на август и септември“, рече Росиќ.
Постсезоната, како што појасни, значително зависи од временските услови, но и таму очекуваат добар резултат.