ПОВЕЌЕ

    ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ЛИТИУМОТ НИЗ СРБИЈА: Народот е на едната страна од фронтот, а Рио Тинто и Владата на другата

    Време зa читање: 4 минути

    Голем немир во Србија поради литиумот, протестот во Богатиќ и Лозница се најверојатно најмасовните во историјата на тоа место.

    Aктивистката Маријана Петровиќ од Аранѓеловац вели дека денешниот протестот во Аранѓеловац е протест за поддршка на граѓаните ширум Србија и Горњи Недељице, на прво место каде во моментов се води најголемата битка.

    -Аранѓеловац и Букуља се на официјалната листа за рударство, која е достапна на веб-страницата на Министерството за енергетика и рударство. Сметаме дека отворањето на рудник за литиум во Лозница може да биде апсолутно погубно за сите нас. Значи, сите сме сведоци на тоа и практиката покажа што се случува кога ќе се отвори рудник за литиум каде било во светот и какви еколошки катастрофи се случуваат после тоа. Сметаме дека со право и оправдано сме исплашени со оглед на фактот што Министерството за енергетика и рударство во периодот од 2004 до 2024 година донесе решенија со кои се доделуваат истражувања во 63 области. Во Крагуевац има дури 6 локации, во Топола 6, во Рача 3, во Аранѓеловац дури 8, така што на официјалната листа се и Аранѓеловац и Букуља. Затоа веруваме дека имаме повеќе од доволно причини да излеземе, да се собереме што е можно поголем број и да покажеме решителност во оваа борба – посочува таа.

    Здружението на граѓани „Не дамо Јадар“ ги повика граѓаните на блокади и собири на 10 август доколку власта дотогаш не ја прекине реализацијата на проектот „Јадар“.

    Овој рок од 40 дена го дадоа на крајот на јуни по протестот во Лесковац, кога во Белград и официјално беше поднесено барањето за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

    Милош Гагиќ, поранешен покраински претставник и член на „Опор“, вели дека проблемот со литиумот е политичко прашање, кое во Србија не е добро отворено и на кое како општество сега треба да се одговори.

    Небојша Нови Миленковиќ, писател и историчар на уметност од Нови Сад и учесник и говорник на многу протести, вели дека изградбата на овој рудник е прашање на сите прашања и теми од сите теми, бидејќи во моментов се одлучува дали „Србија ќе се претвори во рударска колонија и еколошка депонија на Европа“.

    -Отпорот на литиумскиот „проект“ – во кој самата ЕУ, во својата желба да ја намали суровинската зависност од Кина, ја покажува својата подготвеност да ги погази сите принципи и вредности врз кои е заснована – не може да се обезбеди со корумпирани , уценети и безидејни политички „елити“, но граѓаните можат и мораат. Затоа секој што инсистира на каква било идеолошка чистота во борбата што ни претстои – која буквално е борба за гол опстанок – всушност работи за Рио Тинто, но и за другите рударски компании кои правилно оценуваат дека марионетската влада е подготвени да направат бескрајни отстапки, дека заради сопствен профит, политички опстанок и понижувачки рударски ренти од 3 проценти ќе ја претворат Србија во пустина Гоби – рече Миленковиќ.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност кон крајот на следната година да се распише референдум за ископ на литиум.

    Во изјава дадена во Париз каде е поради отворњето на Олимписките игри тој нагласи дека најпрвин сака да добие анализа на локални експерти во врска со заштитата на животната средина и дека, како што изјави, потоа ќе види што да прави понатаму.

    -Ако се оди според планот, можеме да побараме изјаснување на граѓаните на крајот на следната година… и тие можат да изберат дали сакаат да биде во Лозница, дали сакаат да биде во Западна Србија или во цела Србија, изјави Вучиќ.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично