Во првиот квартал од 2024 година, сезонски прилагодениот дефицит на општата влада во однос на БДП изнесуваше -5,6% во Бугарија, според податоците на Евростат објавени во понеделникот. Така, односот на буџетскиот дефицит на Бугарија во однос на БДП е меѓу највисоките во ЕУ, додека само Унгарија (-6%) и Романија (-7%) имаат повисоки дефицити, објави бугарската новинска агенција БТА.
Во однос на претходниот квартал, показателот за Бугарија се промени за -9,1 процентен поен, што е најголема негативна промена меѓу земјите опфатени со статистиката.
Во исто време, Бугарија бележи 22,6 отсто од државниот долг кон БДП на крајот на првиот квартал од 2024 година, што е најнизок индекс меѓу земјите на ЕУ.
Највисоки стапки на државниот долг кон БДП на крајот од првиот квартал од 2024 година се забележани во Грција (159,8%), Италија (137,7%), Франција (110,8%), Шпанија (108,9%), Белгија (108,2%) и Португалија (100,4%).