Инвестициските фондови во јуни со позитива од 17,1 милион евра

Време зa читање: < 1 минутa

Oтворените инвестициски фондови на последниот ден од јуни достигнале нето-вредност од 17,8 милјарди денари, односно 290 милиони евра. Во споредба со состојбата од мај, забележано е месечно зголемување од 7,21 процент, покажуваат податоците од јунскиот извештај на Комисијата за хартии од вредност.

Во текот на шестиот месец од годинава во отворените инвестициски фондови е остварен прилив од 35,6 милиони евра. Тоа значи дека мајското ниво од 24,4 милиони евра е надминато за 46,04 насто.

Исто така, раст има и на страната кај одливите. Станува збор за солидно зголемување од 102,84 проценти и за износ од 18,5 милиони евра.

Во тие рамки и позитивниот исход од 17,1 милион евра, која ја претставува разликата меѓу приходите и трошоците што во јуни ги имале инвестициските фондови во државата.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично