ПОВЕЌЕ

    Македонија осигурување со проширен старо-нов состав на Надзорниот одбор

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп има нов Надзорен одбор, кој наместо досегашните четворица, во својот состав има шест члена.

    Собранието на акционерите одлучи петгодишниот мандат да им го довери на досегашните членови Габор Лехел, Андреја Јосифовски, Реинхард Гојер и Филип Бардас. А, како независни членови се избрани Кристоф Ратх и Зоран Димов.

    Проширувањето на Надзорниот одбор е овозможено со измените и дополнувањата на Статутот што ги направи осигурителната компанија.

    Всушност, сите измени произлегуваат од присоединувањето на Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје кон Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп, кое успешно се реализира. Исто така, на почеткот од месецов јавноста беше информирана за новата, трета емисија на 919.162 обични акции, издадена по пат на приватна понуда, со која се зголеми основната главнина на Друштвото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично