Осигурителната компанија „Прва Живот“ го проширува својот успешен тим – вработува советници за маркетинг и продажба на животно осигурување. На заинтересираните им дава можност да станат дел од нова, но одговорна и динамична компанија, која се стреми на работените да им обезбеди висококвалитетна работна средина со посебен акцент на поттикнување на креативноста.
Работните задачи се следни:
советување за физички лица од областа на долгорочно финансиско штедење;
консултантски услуги и подготовка на осигурителни понуди од областа на животното осигурување;
вршење административни работи за постојните клиенти;
вршење други маркетиншки активности на компанијата, кои се однесуваат на општествена одговорност и подобрување на животната средина.
Избор на компанијата се позитивно насочени и ангажирани поединци, на кои им се нудат стимулативни услови за работа:
постојана менторска поддршка и збогатување на знаењето преку редовно образование и обука;
работен ден прилагоден на сопствениот животен ритам, што овозможува одлична рамнотежа помеѓу страста за работа и слободното време;
износот на личниот доход зависи од сопствените перформанси, бидејќи се состои од фиксна плата и бонус;
се обезбедуват сите потребни алатки за работа, како персонален компјутер и мобилен телефон;
една година по вработувањето на личниот доход се додава уплата на доброволното дополнително пензиско осигурување, приватно здравствено осигурување, основно осигурување од незгода и други бенефиции од услугите на компанијата.
Од кандидатите се очекува:
- добри комуникациски вештини;
- висока мотивација, флексибилност и позитивен однос кон работата;
- желба за работа на терен и работа со луѓе;
- најмалку средно образование;
- познавање на работа со компјутер.
Апликацијата со CV и убедливо мотивациско писмо, треба да се испрати на електронската адреса [email protected], најдоцна до 10.07.2024 година.