Комерциална банка денес почнува со исплатата на мајските пензии, односно пред предвидениот термин – понеделник, трети јуни.
За пензионерите со активна дебитна картичка тоа значи дека средствата од пензијата можат да ги повлечат од банкомат, или да вршат безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Пензионерите кои не работат со картички, парите ќе можат уште денес да ги подигнат во некоја од експозитурите и филијалите на Банката.
Од Комерцијана банка информираат дека повеќе експозитури и филијали им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот. Бројни шалтери им се достапни во работните денови со најдолго работно време на пазарот. Во сабота, пак, филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall е отворена до 14 часот.