ПОВЕЌЕ

    Бизнисот не познава граници и дали некоја земја е далеку… – Коста Котески во „Каде се парите?“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Европската унија е најголем трговски партнер на Македонија. Секако, ѕвезда меѓу овие земји е Германија која е најзначаен партнер на државава. Oва значи дека македонските фирми со нивните услуги и производи се борат и се конкурентни на еден од најголемите и најбогатите пазари во светот.

    Но, светот не е само ЕУ и познатите, богати пазари. Се повеќе наши фирми откриваат дека бизнис има и во земји како Виетнам, Туркменистан, Ирак.

    Гостин во најновата епизода на поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов е Коста Котески, од Реплек. Тој е еден од луѓето кој ги отвора овие пазари за неговата фирма и со него ќе зборуваме како е да се работи на вакви дестинации. Кои се предизвиците, тешко ли е да се соработува со луѓе кои не се од западот и генерално, од каде идеи да се бараат нови пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично