ПОВЕЌЕ

    “КОРПА” – лидер помеѓу компаниите за достава на храна и намирници во Скопје: Корисниците знаат да ја ценат добрата услуга

    Време зa читање: 4 минути

    Анализа: Како функционира пазарот за достава на храна? 

    Пандемијата разви една дејност што сега зема голем замав. Веројатно нема некој што не нарачал нешто преку интернет. Нарачките на храна се особено актуелни меѓу младите, кои во дневниот распоред немаат време за пазарење и готвење, па таа потреба ја решаваат со неколку кликови. Важни се две работи: да има голем избор на едно место, што подразбира добра апликација, и некој брзо да ја донесе нарачката на дадената адреса. Ништо повеќе.

    Тие потреби ја менуваат и сликата на терен кога е во прашање доставата. Ако до пред некое време улиците низ Скопје црвенееја, сега синеат, или синозеленеат. Според термо торбите за достава на храна што се „шетаат“ или „возат“ низ градските населби, приматот го има Корпа, која, со пристапот кон задачата, ја совлада конкуренцијата.

    Основата за ваквото тврдење е во официјалните бројки и во нивната споредба. Порталот Пари во соработка со Бизнис мрежа ги анализира најпознатите компании што доставуваат храна, било да е ресторанска или обична. Податоците за Корпа, Кликни јади и Пакет покажуваат дека тие лани направиле заеднички приход од над 596 милиони денари, или 9,6 милиони евра. Во 2022 година, пак, приходот им бил над 395 милиони денари, односно околу 6,4 милиони евра. Со други зборови, ланскиот промет се зголемил за над 50 насто. Но, мора да се земе предвид и инфлацијата, што значи дека во реалноста нарачките преку компаниите за достава на храна не се зголемиле за исто толкав процент.

    Сосем друго прашање е колку, наспроти овој промет, самиот бизнис е исплатлив. Податоците покажуваат дека лани немало посериозен профит. Поточно, една фирма може да се пофали, а две се на работ на профитабилноста.

    НА КОРПА Ѝ СЕ ПОЗЛАТИЛО, КЛИКНИ ЈАДИ ПОТФРЛИЛА

    „… На вашата врата во рок од 20 до 50 минути“. Крал во доставата на храна лани била Корпа. Компанијата направила промет од 6 милиони евра, а тој бил поголем за 136,77 насто во однос на 2022 година!

    На второ место е Кликни јади со промет од 2,5 милиони евра, понизок за 11,14 насто во однос на 2022 година, кога овој доставувач беше на прво место.

    Потоа, со повеќе од двојно помал промет од Кликни јади е Пакет. Компанијата лани направила промет од над 1,1 милион евра, што е за 15,2 насто повеќе отколку во 2022 година.

    Извор: БизнисМрежа

    КОЛКАВИ ПРОФИТИ СЕ ПРАВАТ?

    Компанијата Корпа, која лани направи најголем промет, остварила и најголем профит од речиси 180.000 евра. Но, во 2022 година била во загуба од 96.000 евра.

    На второ место по добивка е Пакет со 4.000 евра. Овде има пад од 85,8 насто споредено со 2022 година, кога профитот бил 28.500 евра.

    Ланската добивка на Кликни јади била само 3.500 евра, и е за 21,61 насто помала отколку во 2022 година, кога изнесувала околу 4.400 евра.

    Извор: БизнисМрежа

    Tри фирми го држат пазарот за достава на храна. Сите имаат свои соработници – ресторани, сендвичарници итн., избор на здрава или брза храна. Целината се заокружува со безбедната и ефикасна услуга – со корпа до врата. Во моментов, Корпа е вистинската корпа.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично