ПОВЕЌЕ

    „Жито Лукс“ ја зголеми добивката за 98 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Во позитива е скопски „Жито Лукс“ по одработените први три месеци од годинава. Добивката пред оданочување е во износ од 2,2 милиони денари и е за 2,1 милиони денари подобар резултат од истиот минатогодишен период. Што укажува на раст од 98 насто.

    Од компанијата наведуваат дека и оперативниот профит е зголемен за 1,6 милиони денари. Кај бруто добивката има натфрлување за 15 милиони денари, при што се реализирала бруто маржа од 33 проценти.

    Од продажбата на своите производи „Жито Лукс“ бележи вкупни приходи од 284 милиони денари, со раст од еден насто во однос на споредбениот период. Но, обемот на продажбата е зголемен за 27 насто. Сепак, посочуваат, поради пониските цени ефектот на вредноста е +1 процент. Влијание имале просечните продажни цени на главните категории производи, кои кај традиционалниот леб беа намалени за 23, а кај брашното за домашна употреба за 15 отсто.

    Останатите, пак, оперативни приходи, во износ од 2,8 милиони денар, се зголемени за 51 процент.

    Што се однесува до трошоците, тие што произлегуваат од произведените производи, во износ од 191 милион денари, намалени се за 6 отсто.

    По проблемите и загубите забележани од работењето, „Жито Лукс“ лани се врати во плус фазата. Во 2021 имаше загуба од 286 илјади евра, во 2022 од 133 илјади евра, а 2023 година ја заврши со добивка од над 400 илјади евра. Компанијата е во редот на најголемите производители на леб и печива и во тоа друштво беше единствениот загубар.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично