Вчеравечер, во новоотворениот ресторан SushicoZen во Diamond Mall се одржа промоција и дегустација на уникатна колекција на вина кои за македонскиот пазар ги увезува компанијата Алхемист.
Посетителите на овој настан имаа можност да слушнат повеќе информации за италијанските и француски винарии, производители на овие вина – Valdo, Peyrassol, Dezzani, La Scolca, Rocca, Louis Latour, Tenuta Casenuove како и екслузивна можност за дегустација на истите во комбинација со гастрономско уживање подготвено од ресторанот SushicoZen.
Компанијата Алхемист покрај останатото е и екслузивен дистрибутер на престижната винарија од Франција Chateau Peyrassol за Македонија, Хрватска и Турција, а вчеравечер специјален гостин беше претставник од винаријата Peyrassol, Карим Чаувин, кој ги запозна посетителите на настанот со историјата и работењето на винаријата.
Chateau Peyrassol е винарија лоцирана во Прованса – еден од најубавите предели за производство на pозе вино во светот, а за време на дегустацијата посетителите имаа можност да пробаат едно од 5те најубави розе вина според листата на престижниот магазин Wine Enthusiast US.
Претставниците на компанијата Алхемист најавија екслузивни договори за соработка и со италијанските винарии Valdo, Dezzani и Rocca како и проширување на портфолиото на вина од овие, но и од другите винарии со кои соработува компанијата.
Вината од оваа внимателно избрана, уникатна колекција може да ги најдете во повеќе познати угостителски објекти како: Ресторан Два Елена, Ботаника, Oeno Bar, ресторан Дукат, Јавор Мрзенци, Воденица, Intermezzo Music Bar, SushiCo, Радио бар, во малопродажба во WineBerry Bistro and Shop, Liquor store Biblioteka, Wine.mk_store, Finewine или да нарачате преку Instagram профилот на компанијата Alchemist_mk.