ПОВЕЌЕ

    Штериева за „Каде се парите?“: Нема логична поврзаност меѓу растот на кредитирањето и на општествениот производ

    Време зa читање: 2 минути

    Кредитирањето расте наспроти стапката на БДП, која во 2023 беше околу еден процент. Не но ме да се очекува стапките да се идентични, вели претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Штериева. Во контекст на ова прашање, во поткастот „Каде се парите?“, укажа на неповолните состојби кои произлегуваат од сивата економија.

    „Не  можеме да очекуваме дека стапките на кредитирање ќе бидат идентични со стапката на раст на општествениот производ. Во најмала мера, кога тоа би се ставило во макроекономски модел, треба да има подобра стапка на раст на бруто општествениот производ, која има некаква логична поврзаност со растот на кредитирањето. Можеби на стапка од 5-6 проценти раст на кредитирање тоа и нема да биде толку видливо. Споменавме дека во Македонија имало стапки на раст на кредитирање кои достигнувале и до 40-на посто, пред кризата во 2008. Но, никогаш не сме виделе драматични стапки на раст кај општествениот производ, кој како да каска“, вели Штериева.

    Оттаму, додава, треба да се има предвид дека во Македонија нивото на сивата економија е децениски високо.

    „Дури би рекла застрашувачки е како тоа ние функционираме со толкаво ниво на сива економија. Функционирањето и дозволувањето да функционира сивата економија не е само фаворизирање на субјектите кои се дел од сивата економија, туку е негативно влијание на сите субјекти коишто пријавуваат сѐ, известуваат за сѐ, плаќаат даноци за сѐ. Значи, сите оние коишто се најуредни во исполнувањето на сите општествено-економски обврски, тие на некој начин се во подредена, во полоша ситуација од оние кои работат во сивата економија“, децидна е Штериева.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично