ПОВЕЌЕ

    Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено Иуте заедно со пријателите засадија 150 садници

    Време зa читање: 3 минути

    На официјалниот настан кој се одржа викендов под мотото Растеме заедно, на спортското игралиште Инџиково во Општина Гази Баба беа засадени 150 дрва, преку директна донација и поддршка од Иуте Македонија.

    Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и нивна одржливост низ годините.

    За време на настанот присуствуваа и дечињата од СОС детско село кои заедно со тимот на Иуте, дечињата од Гази Баба и фудбалскиот клуб, добија дрво со свое име и иницијали, кое ќе биде засадено и ќе се одржува низ годините како симбол на растење и придонес кон позелена околина.

    “Навистина сме горди на овој проект и особено на партнерството со нашите пријатели од Man and Mountain, на тој начин приклучувајќи се кон најголемите еко иницијативи во нашава земја, на кои ќе се посветиме со ист интензитет и ентузијазам како и денес.
    На овој начин не само што даваме придонес кон позелена околина, туку обезбедуваме одржливост и континуитет, и најважно од се, креираме вредности кај децата уште од мали нозе.”, изјави Биљана Мишиќ, Извршен директор на Иуте Македонија.

    “Иуте како наш стратешки партнер веќе четврта година ја поддржува работата и мисијата на СОС Детско село. Голема благодарност што нé вклучија во оваа општествено-одговорна акција, особено што посадените дрвца се наоѓаат на само неколку чекори до нас.”- додаде Силвија Брајовиќ, Директор на оддел за собирање средства и комуникации во СОС Детско Село.

    Оваа донација е само почеток и дел од планираните активности кои Иуте ќе продолжи да ги реализира како општествено-одговорна компанија која континуирано инвестира во заедницата, а овој настан е еден од низата кои имаат за цел да ја вратат вербата во моќта на заедничките иницијативи и индивидуалниот придонес за подобро утре, преку контунуирано работење на подигнување на свесноста во секоја општествена пора.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично