ПОВЕЌЕ

    Индустриското производство во јануари со годишен раст од 2,8 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Индексот на индустриското производство во јануари, во однос на истиот месец лани изнесува 102.8. Или, за една година има раст од 2,8 проценти.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, а гледано по сектори, во рударство и вадење на камен има годишен пад од 14,2 отсто. Намалувањето е поголемо во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – за 21,7 проценти.

    Индустриското производство е бележи пораст од 8,1 насто во преработувачката индустрија. Тоа е резултат од зголеменото производство во одделите: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на текстил, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

    Според главните индустриски групи, производството во јануари 2024, во однос на јануари 2023 година бележи пораст кај енергија за 19,7 и кај капитални производи за 41,2 проценти. Статистиката покажува опаѓање кај интермедијарни производи, освен енергија за 13 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 26,7 и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,8 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично