ПОВЕЌЕ

    Производството на електрична енергија намалено во декември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на последниот месец од минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 782 159 МWh електрична енергија, 29.352 милиони нм3 природен гас, 463.780 тони јаглен и 99.968 тони нафтени продукти.

    Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Тоа претставува намалување во споредба со ноември, кога уделот бил од 90,2 отсто. Исто така, статистичките податоци покажуваат дека 99,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично